Вулгарен транспарент против Црквата на маршот за родова еднаквост во Скопје
Објавено во: Македонија 08 Март, 2023
На денешниот марш за родова еднаквост во Скопје беше забележан и транспарент со текст „Црквата да одј*бе” кој беше централен декор на протестот кој се одржа по повод Меѓународниот ден на жената.
Организаторите на собирот говорејќи за потребата од постигнување на целосна еднаквост, ги осудија и ставовите на Црквата како институција.
„Ќе преживеат ли жените овде?“ е мотото под кое Платформата за родова еднаквост годинава го организира традиционалниот марш за 8 Март.
Поради настанот, беше воведен и посебен сообраќаен режим.