30 Април, 2024
0.0254

Wall Street ја зарази со оптимизам и Европа

Објавено во: Анализа 19 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Европските берзански фондови ја затворија првата сесија за новата недела со раст и покрај негативниот старт. Поттик даде силната трговија Wall Street и податоците за трговски вишок на еврозоната. Британскиот индекс FTSE 100 порасна за 0,45%. Во Франкфурт DAX 30 се искачи за 0,62%. Френцускиот CAC 40 достигна 0,66%, додека во Шпанија IBEX 35 се искачи за 0,90%. Водечките државни индекси S&P 500 и Dow Jones Industrial Average го продолжуваат своето нагорно движење постигајки нов рекорд. Основната причина е инвеститорскиот оптимизам по изјавата на Џенет Јелн  во Сенатот на САД. Кандидатот за нов претседател на федералните резерви ја заштити програмата за откупување на активи, тврдејки дека иднината и зависи од економските податоци. Во исто време податоците за трговскиот вишок на еврозоната покажуваат раст од 13,1 милијада евра во Септемви по пријавените 10 милијарди евра еден месец претходно. -          Опасностите за глобалниот економски раст останаа во заден план по коментарите на Јелн во сенатот, вели Мајкл Хјусн, главен аналитичар на пазарот во CMC Markets. Додека тоа продолжува пазарите во САД и Азија ќе го продолжат својот раст стимулирани од очекуваните реформи во Кина. Европските берзи ќе продолжат да бидат многу по претпазливи, тврди Хјусн. На крајот од минатата недела Кина го претстави планот за смели реформи, за омекнување на политиката за едно дете како и дополнителната финансиска либерализација. -          Пакетот реформи ќе има долготраен позитивен ефект врз перспективите на кинеските акции, тврдат експертите од Deutsche Bank. Според нивната оценката индексот MSCI China ќе парасне за 20-25% во следните 12 месеци. Во исто време инвеститорите на стариот континент продолжуваат одблизу да ја набљудуваат ситуацијата со политичката криза во Италија. Локалното раководство е ставено пред нов испит, откако секретарот на десноцентристичката партија "Народ на слободата" објави дека ги напушта. Анџелино Алфано ќе ја поддржи кревката коалиција на премиерот Енрико Лета пркосејки му на медиумскиот магнат кој е под закана да биде избркан од парламентот уште овој месец. Потегот дојде во пресрет на конгресот на партијата на Берлускони, на кој се очекува партијата да го врати своето претходно име "Форца Италија". Пазарната капитализација на Aberdeen Asset Management порасна за 14,7%, откако инвестициската компанија забележа годишен раст од 7,1%. Акциите на производителот на слушни апарати Sonova поскапеа за 5,4% откако  бше забележан раст од 10% во заработката за првото полугодие. Компанијата EADS, која раководи со производството на воздухопловни средства Airbus, објави дека добила огромна порачка на машини за време на авио шоуто Dubai Air Show. Акциите на друштвото поскапеа за 2,2%.   К. К.