26 Април, 2024
0.4637

За Бишев, талентираниот наследник и банкарската елита!

Објавено во: Финансии 19 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Заминувањето на Глигор Бишев од една од најмоќните банкарски групации во земјава, Стопанска Банка, ги изненади банкарите. Сегашниот директор до последен момент негирал дека се водат било какви преговори за напуштање на Стопанска Банка, целосно негирајќи ја можноста за негов трансфер во некоја друга банкарска групација. Зад потегот за заминување од кормилото на најмоќната банка, познавачите, сепак препознаваат сериозна причина. Неспорно е дека се работи за “дебела“ финансиска понуда што му била испорачана на Бишев од една страна, но не се исклучува можноста дека како причина можат да бидат евентуално  “разладените“  релации со грчките газди.

Бишев, официјално не сакаше да ги коментира причините поради кои ја напушта Стопанска Банка. Заминувањето беше  објавено писмено, преку соопштение зад кое како потписник е Стопанска Банка.

“Господинот Бишев, кој беше Генерален Извршен директор на банката дванаесет и пол години, донесе одлука да ја продолжи својата кариера вон Банката. Функцијата директор на Стопанска Банка ќе ја извршува најдоцна до 30 јуни“ - стои во соопштението.

Според информациите што се лиферуваат во банкарски кругови, следна банкраска дестинација на Бишев ќе биде Шпаркасе-Банка, некогашна Инвест Банка. Оваа австриска групација котира како петта по големина во земјава. Според доброупатени извори, понудата на Шпаркасе-банка до Бишев била испорачана пред подолг период. Во моментов, со Шпаркасе Банка раководи Александра Радиќ, преседател на Управниот Одбор на банката, која беше делегирана од централата на групацијата во Белград.

Според соопштението од Стопанска Банка, Бишев ја остава банката во добра финансиска кондиција.

“Во 2012 Стопанска банка оствари пораст на кредитирањето од 5% и оствари нето добивка од 12,9 милиони евра, што е резултат на ефикасното искористување  на домашното и девизното штедење. Лошите пласмани беа под целосна контрола и целосно резервирани и беа за 1,5% пониски од просекот на македонскиот банкарски сектор.“ – пишува во писмената објава.

Бишев седна во директорската фотеља во Стопанска Банка само 6 месеци откако заврши операцијата за приватизацијата, односно продажбата на Стопанска Банка на грчката НБГ Групација. Во 2000 та година, Бишев ја напушти позицијата заменик-гувернер во Народната Банка и го презеде кормилото на Стопанска Банка.

Токму во април ќе се одбележат 13 години откако Стопанска Банка доби грчки газди.

КОЈ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ БИШЕВ?

Со заминувањето на Глигор Бишев, по повеќе од 12 години директорување, Стопанска Банка ќе добие нов менаџер. Според информации од банкарските кругови, новиот директор ќе биде номиниран директно од страна на “ Национална Банка на Грција“. НБГ како целосен сопственик на Стопанска Банка можно е да именува странско лица  за наследник за Бишев. Грчките газди веќе го подготвиле теренот, иако официјално не се соопштува новото директорско име.

“Доминантниот акционер е посветен на именувањето на талентиран наследник кој дополнително ќе ги зајакне активностите на банката.“ - посочија од Стопанска Банка.

Поставувањето на странци на истурените менаџерски позиции во банките што се во доминантна сопственост на странски банкарски групации, веќе стана пракса во земјава.

Таков е примерот со “Алфа Банка“, со доминантен грчки капитал, на чие чело е Андреас А. Галатоулас, главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на банката.

Слична е состојбата и со “Халкбанка“, некогашна “ ИК банка“, чиј капитал 98,78% е во рацете на турската групација  “Turkiye Halk Bankasi“. Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје е г.Неџдет Палакчи, Во управниот одбор членови се г.Турхан Адеми, г.Томче Тасевски, г.Ертурк Сумер.

И  “Охридска Банка“ ја менаџира странска директорка. Оваа банка, која е во доминантна сопственост на “Сосиете женерал“ уште по преземањето од страна на француската групација, е менаџирана од странски директори. Сегашен директор е Јитка Панчуткова.

Странски менаџер има и некогашна “Силекс банка “, сегашна “Централна Кооперативна Банка“. По преземањето од страна на бугарската банкарска групација, на чело на банката застана Неделин Валчев, кој е прв генерален директор и преседател на Управниот Одбор.

По правило, сите овие банки што на чело  имаат странски менаџер, заменичкото место, односно позицијата на втор генерален директор е резервирана за Македонец.

Познавачите велат дека токму оваа слика за распоредот на менаџерските позиции во банкрските групации укажува на можноста и Стопанска Банка да добие директор- странец, по што само две од водечките банки во земјава ќе останат менаџирани од мкедонски директори, НЛБ Тутунска Банка со Ѓорѓи Јанчевски и Комерцијална Банка со Хари Костов.

Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат