29 Април, 2024
0.0685

За Димитрис Кондоминас и неговите македонски бизниси: Скопје 2014 ќе остане недоизградено?

Објавено во: Анализа 11 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

. Кондоминас заедно со уште двајца поранешни функционери од Поштенска банка, се уапсени по обвинение за перење пари и проневера. Грчкото јавно обвинителство објави документ во кој детално се објаснува како Поштенска банка во периодот од 2007 до 2012 загубила околу 500 милиони евра преку лоши заеми. Во овој голем корупциски скандал е вмешан и Кондоминас. Во овој случај се обвинети 25 лица, а сеуште се трага по седум. Бизнисменот ги отфрла обвинувањата, а уапсен е во болница каде претходно бил хоспитализиран. Името на грчкиот милијардер Кондоминас не е непознато за македонската јавност. Бизнисменот пред извесно време се вклучи во проектот Скопје 2014 преку изградба на хотел и офицерскиот дом, лоцирани на плоштадот Македонија во Скопје, чија изградба се проценува дп 30 до 50 милиони евра. „Транспаренси Интернешнал Македонија“ тврди дека грчкиот милијардер Димитрис Кондоминас бил вклучен во големиот корупциски скандал на „Дојче телеком“. Неговото вклучување во во проектот „Скопје 2014“ е преку купување на земјиштето на плоштадот Македонија за изградба на барокниот хотел и офицерскиот дом. Фирмата на Кондоминас „ДЕМКО“ беше единствен понудувач и доби површина од 6.308 квадратни метри за околу 630.000 евра. Кондоминас имаше неуспешен обид за влез во енергетскиот бизнис во земјава. Бизнис релациите на Кондоминас и спорот за името Пред речиси две години, македониките медиуми го цитираа порталот „Протагон.гр“ кој повикувајќи се на извори од грчкото МНР, објави дека на поранешниот премиер Јоргос Папандреу му била доставена понуда преку која му се сугерира дека преку грчки инвестиции во Македонија ќе може да влијае за побрзо решавање на спорот за името затоа што оние кои ќе ја донесат одлуката за овие инвестиции имаат потреба од финасиска поткрепа. Според порталот, неколку личности инволвирани во грчките инвестиции во Македонија успеале да го убедат поранешниот грчки премиер, Костас Симитис дека ваквите инвестициски активности ќе помогнат за менување на македонскиот став за спорот за името. Кондоминас беше и во телевизискиот бизнис во Македонија Освен "Алфа" Кондоминас во свои раце ја има и телевизијата "Канал 9" и неколку радиостаници. Грчкиот бизнисмен своевремено беше сопственик и на македонската Алфа ТВ. Имено, телевизијата од своето основање во 90-тите години беше локална скопска телевизија која го носеше името ТВ Скопје. Потоа беше купена од страна на познатиот грчки медиумски магнат Димитрис Кондоминас. Поради тоа што телевизијата не доби национална концесија, Грците набрзо ја продадоа телевизијата, со што нови сопственици постанаа Французи, но и тие немаа успех со работата на телевизијата. Кој е Димитрис Кондоминас 75 годишниот грчки милијардер Димитрис Кондоминас во својата земја се збогатил преку осигурителната компанија "Интерамерикан". Својата империја ја шири во Македонија како сопственик на компанијата "Космотелко", која имаше дел од акциите во "Македонски телеком" и ја доби националната лиценца за WiMax, широкопојасен интернет. Р.Ф