15 Мај, 2024
0.0255

За еден месец 13 000 новоблокирани граѓани и фирми!

Објавено во: Анализа 13 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

За првпат, бројот на блокирани жиро сметки надмина 200 илјади. Според најновите податоци на Нaрoдната Банка, во првиот месец од годинава бројката на блокирани сметки достигна 207 086. Само за еден месец или од декември до крајот на јануари бројката е зголемена за 31 487, што претставува позначен пораст измерен во изминатиот период. Од вкупниот број на блокирани сметки, 142 607 се сметки на физички лица, а останатите 64 479 - на фирми. Во јануари, според НБРМ, вкупниот број на блокирани граѓани и фирми изнесувал 94 969 и во споредба со декември бројката е зголемена за речиси 13 000 илјади. Вкупен број на блокирани депоненти: 94 969 Физички лица: 53 440 Правни лица: 41 529 Ако се направи споредба со јануари 2013 година, мерењата на Народната банка покажуваат дека во континуитет расте бројот и на блокирани жиро-сметки и на блокирани граѓани и фирми. Еве што покажуваат споредбените податоци: Блокирани жиро сметки: јануари 2013 година: 146 855 јануари 2014 година: 207 086   Блокирани граѓани и фирми: јануари 2013 година: 70 002 јануари 2014 година: 94 969 Според овие податоци само за една година, бројката на блокирани жиро сметки се зголемила за повеќе од 60 000 додека бројот на блокирани граѓани и фирми за 25 000 ново блокирани. А.Д.