02 Мај, 2024
0.0313

ЗА ФИРМИТЕ ШТО ИМАЛЕ СМЕТКИ ВО ЕУРОСТАНДАРД - отворете сметка во друга банка и приливите да ви стигнуваат таму, кој имал пари, ќе ги чека од стечајната маса

Објавено во: Финансии 13 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Што треба да знаат фирмите и другите правни лица што имаа свои сметки во Еуростандард банка.

Оваа банка, откако Народна банка вчера и ја укина дозволата за работа, е исклучена од правниот промет во земјата и странство, што значи дека фирмите нема да можат да ја користат својата сметка во банката.

Еве која е пораката до нив од Народна банка.

„Од причина што на Еуростандард банка АД Скопје ѝ е укината дозволата за основање и работење и е исклучена од платниот промет во земјата и странство, нема да бидете во можност да ја користите вашата сметка во Банката.

Ако имате сметка во друга банка, со цел за непречено деловно работење потребно е да ја користите таа сметка. Претходно, потребно е да ја контактирате банката во којашто е отворена сметката (преку е-пошта или преку телефонскиот контакт-центар) за да се информирате дали е потребно да ги ажурирате вашите податоци. 

Доколку немате сметка во друга банка, потребно е да отворите сметка во некоја од останатите банки во земјата, по Ваш избор. 

Со цел непречено да остварувате парични приливи во иднина, препорачуваме сите правни и физички лица со кои имате деловна соработка, писмено да ги известите за промената на сметката на правното лице, при што ќе ги наведете бројот на сметката и банката во која таа е отворена“, советуваат од НБМ. 

За оние фирми, пак, што имаат депозити во банката, НБМ известува дека побарувањето по основ на своите депозити во Банката, депонентите-правни лица ќе може да го остварат од стечајната маса на Еуростандард банка, а се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во Банката. 

„Нема потреба да поднесувате посебно барање или да го пријавите своето побарување по основ на депозит од стечајната маса на Банката“, нагласуваат од централната банка.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот