За колку време Грујевски и Бошкоски ќе бидат екстрадирани?
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2017
Поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски може да бидат екстрадирани кон крајот на ноември или во првите недели на декември годинава, а дотогаш ќе бидат во притвор во Грција, пишуваат грчките медиуми.
Министерството за правда барањето за екстрадиција ќе треба го испрати до скопскиот Апелациски суд, кој треба да ги прибере сите документи и докази поврзани со предметот „Таргет“ и Тврдина“ во кои СЈО ги товари Грујевски и Бошковски за нелегалното прислушување и уништување на документацијата од прислушувањето. Барањето потоа ќе биде испратено до грчките власти кои треба да одлучат кога ќе ги екстрадираат.
Грујевски и Бошкоски беа уапсени завчера на солунскиот аеродром, обидувајќи се да излезат од Грција со лажни бугарски пасоши.
Двајцата се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување на граѓани и за уништување на системите за прислушување.