26 Април, 2024
0.0270

За корка леб на скеле до пензија!

Објавено во: Економија 15 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Состојбата во градежниот сектор е тешка, особено за работниците кои со работа и пот го заработуваат лебот. Работата е физичка и тешка, се работи и по десет часови дневно на екстремно високи температури за да се стигне проектот. Бетонот во процесот на своето стврднување испушта топлина заради хемискиот процес на сврзување на цементот и водата. Може само да замислите, на терен е како да сте како под вршник -вели Атанас Трајковски, претседател на Независната синдикална организација на градежни работници, инжинери и трговци во градежниството во состав на Конфедерацијатата на синдикални организации на Македонија.

Екстремно тешките услови во кои работат добар дел од градежните работници, ризикот со кој се соочуваат, високата граница на старост и нивната психо-физичка исцрпеност оваа област ја прават една од најризичните и најнебезбедна.

“Работното време во зимскиот период е 9 часови, а во летниот по 10 и повеке. Се работи и во саботите, а некогаш и во неделите. Платите во однос на тоа колку се работи, се мизерни. Некои заработуваат можеби повеќе, но со многу труд и откажувања.  Има работници кои патуваат до работното место од подалеку и тие мора да станат во 5 часот и дома да си дојдат во 18 часот.Работата на градилиште е тешка. Изложени сме на промаја, ветер, прашина, сонце, УВ зрачења, горештини, потење, снег, дождови, студ... Не се работи на дожд, се прекинуваат работите, но и летно време да не изненади дождот може да ни предизвика проблеми.  Состојбите во градежниот сектор не се на завидно ниво, како и во многу други сектори. Можам слободно да кажам дека се катастрофални. До сега повеќе беа заштитени работодавачите. Никој не ги штити работниците”-објаснува Трајковски.


Кај работниците како што вели Трајковски сеуште постои оправдан страв да не го загубат работното место бидејќи за многумина од нив егзистенцијата на нивните семејства зависи токму од тие приходи кои влегуваат во домашниот буџет.

“Изминатите единаесет години се немаше слух за Синдикални организирања и активности и не можевме ни да се регистрираме, ни да бидеме активни на тоа поле.И денес постои страв кај работниците од синдикално организирање, плашејќи се да не бидат отстранети од работа, кое го имам осетено на своја кожа. Стравот е оправдан, бидејќи на работодавачите не им одговара работникот да биде организиран. Подолго време работиме тајно на работничкото организирање. Во последно време, со смената на власта решивме да излеземе потранспарентно, решивме да ја искористиме изјавата дека новата власт ќе направи коалиција со работниците. Се чувствува охрабрување кај работниците.Имаме голема поддршка и секојдневни јавувања и комуникации и бројот на членови почна да ни се зголемува. Сепак, сеуште се чувствува страв и членството за сега сака да биде во тајност. До сега повеќе беа заштитени работодавачите. Никој не ги штити работниците. Независната СО ГРИТГ ветува и дава збор дека ќе застане во заштита на градежните, па и на сите работници. Тие што ме познаваат, ми веруваат и се охрабруваат, бидејќи знаат дека не можеме сами, без нив”- потенцира Трајковски.

Независната синдикална организација на градежните работници бара итни законски измени во делот на бенефициран стаж за работниците изложени на неповолни и екстремни временски услови и позиции кои ќе се регулираат со Законот за работни односи. Дополнително очекуваат и измени во Законот за Синдикално организирање со кој ке се бара од работодавачите да имаат во своите фирми синдикати и синдикални претставници.

“Бараме и Закон за минимална саатнина. Според нашите анализи и статистички согледувања градежните работници треба да имаа минимум 3.5 евра/час, во зависност од тежината и сложеноста на работата. А, за градежшните инжинери и технички лица и да не зборувам. Работното време да не надминува повеќе од 8 часови на ден освен во исклучителни ситуации и вишокот на работни часови да биде соодветно платен. Патувањето до и од работносто место, ако има подолго патување, да влезе склоп на работното време” – додава Трајковски.

На отворена трибина за овие прашања синдикатот разговарал и со министерката за труд и социјална политика која изразила подготвеност да се разгледаат овие прашања и да се најдат заеднички решенија и да се направи ревизија на Правилникот за бенифициран стаж со кој ќе може да бидат опфатени и градежните работници.

“Министерката Мила Царовска потврди дека е известена за барањето за бенефициран стаж на Градежните работници и изрази спремност да се разгледа таа опција и дека верува на тешкотијата на еден 60 годишен градежен работник да стои на скеле на 40 и повеќе целзиусови степени на големи висини.Слично можам да кажам и за асфалтерите кои не се на големи висини, но се изложени на врелината на асфалтот кој треба да се вгради под високи температури. Има многу анализи и треба да се направат детални експертизи од вистински стручњаци, а не од шарлатани”- потенцира претседателот на Независниот синдикат на градежните работници.  

Поради високите температури деновиве вели Трајковскисе засилени инспекциските контроли и почесто се внимава на препораките на здравствените работници за прекин на работно време на отоврено од 11 часот до 17 часот. Од синдикатот очекуваат поголема поддршка од новата власт и слух да ги чуе реалните проблеми во секторот кој треба да биде двигател на економијата и бизнисот.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика вкупниот број од секторот градежништво е 37.919 работници.

С.Б.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија