За Лагард Грција треба уште многу да работи на реформите
Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2016
Директорката на ММФ, Кристин Лагард упати критики на сметка на Грција.
Таа вели дека земјата има да заврши уште многу работа во врска со реформите. Со тоа се потврдија стравувањата дека Фондот засега не е подготвен да учествува во третата финансиска помош за Грција.
Лагард изјавата ја даде во пресрет на Годишното собрание на ММФ и Светската банка во Вашингтон. Познавачите на состојбите ја толкуваат како нејзино изразување разочарување кон европските лидери што не се согласиле за реструктуирање на долгот на Грција, и кон Атина, за тоа што не направила доволно за реформите.
ММФ веќе изрази резервираност во врска со промените на системот за оданочување во Грција и за социјално осигурување кои Парламентот ги изгласа пред летото.
Инаку во Грција имаше серија протести поради реформи во пензискиот систем. Од нив Грците не се задоволни.