ЗА НАДЛЕЖНИТЕ ПОЖАРОТ ВО БЕРОВСКО Е ПОДМЕТНАТ: На терен од утрово и хеликоптер и пожарникари
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2022
фото: илустрација
Интензивно се гасне пожарот кој го зафати беровскиот крај, а според надлежните индициите велат дека пожарот е подметнат.
Според кажаното од првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов од утрово од 5ч на терен е еден хеликоптер кој интензивно го гасне пожарот, додека Ер-тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе пристигне околу 10 часот.
Во пожарот кој вчера бил пријавен нешто по 13 часот гори нискостеблеста дабова шума во непристапен терен, а утрово на местото ќе пристигнат и пожарникари од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово.