ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Путин тврди дека сакаат да ја заплашат Русија
Објавено во: Свет 25 Март, 2024
Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека целта на терористичкиот напад кој се случи во петокот во Москва и во кој загинаа 137 луѓе е со цел да ја заплашат Русија.
Во нападот над 180 луѓе се повредени. Тој вели дека го интересира нарачателот.
„Нападот на концертната сала во Москва е дел од нападот на режимот во Киев врз Русија. Нападот го изврши ИСИС. Знаеме кој го извршил терористичкиот напад, нè интересира кој го наредил“, рече Путин.
Украина ги негираше обвинувањата. Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека истата терористичка група се обидела и во Франција да изврши напади.