27 Април, 2024
0.1935

ЗА НЕКОЈ АВАНТУРА, ЗА НЕКОЈ ПРЕДИЗВИК: ТОП 10 најопасни професии во светот

Објавено во: Финансии 26 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Илјадници работници умираат секоја година при извршување на своите должности. Голем дел нив го ризикуваат својот живот постојано и се изложени на голем стрес секојдневно. Изданието „worth-seeing.com“ ги рангира најопасните професии, при што инцидентите се многу над просечните нивоа. Професиите извршувани на отворено, кријат големи ризици за здравјето и безбедноста на вработените. 

Видете кои се тие:

10. Градежен работник

Оваа професија спаѓа меѓу најопасните, бидејќи бара работниците да се качуваат по покриви и високи згради, да носат материјали во себе и да дишат бои и хемиски материјали, со кои работат.

9. Полицаец

Чуварите на редот  и мирот се исто така изложени на поголем ризик, особено кога морале да следат луѓе со криминално досие . Често се случува да бидат повредени при извршување на работата.

8. Доктор

Тоа е една од најодговорните и сложени професии во светот. Докторите и медицинските сестри се подложени на голем стрес во својата работа, а долги часови кои ги поминуваат во болница, ги прават подложни на болести и треба да имаат силен имунолошки систем.

7. Електричар

Работата им е исклучително опасна. Освен што се изложени на ризик од паѓање од високи места, тие треба да бидат крајно внимателни, бидејќи работат со електрична енергија.

6. Собирачи на ѓубре

Додека овие луѓе ни помагаат да ја заштитите животната средина чиста, тие секојдневно се изложени на работа со ѓубре, токсични материјали и отпад. Возењето во задниот дел на камионите за ѓубре, исто така, може да биде опасно.

5. Пилот

Пилотирање на авион и поминување долги часови во воздухот не е воопшто лесна работа. Таа е и една од најопасните. Иако авионите сеуште се побезбедни од гледна точка на патување, вработените се изложени на стресови и турболенции, кои можат да бидат многу страшни.

4. Рибари

За многу луѓе риболовот е хоби, но за други е работа која крие големи ризици. Овие луѓе треба да собираат тонови риба во нивиот брод и да пловат низ морињата, без да знаат дали ќе наидат на лошо време и бурни немири, додека се во морето.

3. Дрвосечач

Професијата дрвосечач им припаѓа на најопасните дејности во светот од неколку причини. Работниците треба да држат со часови тешка опрема во своите раце, треба внимателно да размислат за насоката во која дрвото ќе падне и да се чуваат од малите деланки кои може да им паднат во очи.

2. Возач на камион

Многу ризично е да се движиш по патиштата, отколку да работиш во канцеларија. Долгите часови кои возачите ги поминуваат зад воланот, особено ноќе, ја прават оваа професија исклучително опасна. Покрај механички проблеми кои можат да се појават во возилото, ризикот од сообраќајни несреќи е голем, дури и во случаи кога тие немаат вина.

1. Чувар на затвор

Чуварите на затвори имаат стресна работа која бара по цел ден да се справувате со луѓе лишени од слобода поради извршено кривично дело. Физичкиот замор е од едната страна, а емоционалната тежина на која се подложени, може да ги доведе до длабоки депресии, гледајќи и комуникацирајќи по цел ден со луѓето зад решетки.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат