19 Мај, 2024
0.0276

ЗА ОПОЖАРЕНОТО ВОЗИЛО НА ПРАТЕНИКОТ РИСТЕСКИ СЕ ВКЛУЧИ И ОБВИНИТЕЛСТВОТО - се бараат снимки од видео надзорот на околните објекти

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид на лице место на локацијата каде во текот на ноќта беше опожарен автомобил во сопственост на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

„По наредба на јавниот обвинител беа подигнати траги од лице место кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот. Јавниот обвинител издаде и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Инаку, за овој настан информираше и пратеникот Антонио Милошоски на својот фејсбук профил.

„Ова што се случи во Прилеп е директна закана и нарачан напад кон пратеник од опозицијата (Петар Ристески), заради неговите политички критики кон власта за предавничкиот протокол со Бугарија. Денес во 1.15 мин после полноќ подметнат му е пожар под неговото возило и возилото на неговата сопруга, пред домот во Прилеп, каде живеат со трите деца.

Инаку во Прилеп јавна тајна е дека дел од раководството на МВР е во дружба со мафијата и наркодилерите во градот, организираниот криминал е во пораст, рекетирањето на стопанственици и лихварството исто така. Ова полициско-мафијашко партнерство не ретко го користи и директниот линк со централата во МВР, преку советникот на министерот од Прилеп. Жртви на ваквиот организиран притисок во Прилеп не се само јавни личности, туку и стопанственици кои не сакаат да платат рекет, како и обични граѓани. Прашајте во градот кои се и што прават Лукароски, Џемо, Гешоска и шоферот Китаноски, и многу работи ќе ви станат појасни. Во МВР Прилеп има метастази од криминал, а соработката со мафијата во градот за дел од началниците е и голем бизнис. Но, се се врти. Заплашувањата нема да им поминат, а крајот на ваквите злоупотреби во МВР ќе дојде побрзо отколку што си мислат“, напиша Милошоски на својот фејсбук профил.
Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“