27 Април, 2024
0.0252

За опозицијата новите задолжувања водат кон колапс, за власта – долговите не се проблем

Објавено во: Финансии 24 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

СДСМ обвинува дека Владата претерува со задолжувањата, од ВМРО ДПМНЕ пак враќаат дека наместо да ги пофали за успесите, опозицијата само ги критикува Според Ванчо Узунов, потпретседателот на СДСМ, Владата треба веднаш да престане со задолжувањето, а ваквата економска политика води кон колапс.Тој потсти дека од април до крајот на јуни домашниот долг е зголемен за 40 милиони евра, а ако продолжи ова темпо на задолжување до крајот на годината внатрешниот долг на државата ќе се искачи на над една милијарда евра. „Согласно најновите податоци на Народната банка, само домашниот долг на крајот на месец јуни изнесува речиси 940 милиони евра. Тоа поедноставено значи дека секој граѓанин на Македонија, па дури и дечињата родени на почетокот на овој месец поединечно се задолжени со околу 470 евра“, појасни Узунов. Тој исто така додаде дека и досегашното искуство не влева оптимизам дека власта ќе ги прифати укажувањата и ќе ги коригира постапките. „Напротив, очекуваме реакција во познатиот стил – опозицијата е виновна за се, зачинета со неизбежните лични навреди“, рече Узунов. Во свој стил се огласи и владејачката партија. Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека опозицијата на секој владин успех, потсетувајќи на вчерашното потпишување на договорот за Јужен тек, со режирани прес конференции сакаат да ја прикажат Владата во негативно светло. „Наместо конструктивност, излезе со нецелосни информации за да ја дезинформира јавноста. Узунов зборува за аукција на државни хартии од вредност од 20 милиони евра, но занемарува да каже дека веќе денес во стопанството се вратени 18,8 милиони евра. Како економист и професор тој сигурно знае дека преку издавањето на хартии од вредност се врши пеглање на билансите и дека така работат сите економии во Европа и светот. Исто така Узунов заборави да спомене дека Македонија е 4-та најмалку задолжена земја во Европа. За ниската задолженост добивме признание и од Светска банка и од ММФ“, стои во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Владата се задолжи за уште околу 20 милиони евра, преку издавање на четири пакети државни хартии од вредност, иако според планот требаше да се задолжи со 18,8 милиони евра. Според информациите од Министерството за финансии, вчера биле издадени два пакета од двегодишни државни обврзници, еден пакет петгодишна обврзница и еден пакет шестмесечни државни хартии од вредност.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат