17 Мај, 2024
0.0275

Препукувања: За откупот на пченицата Владата лаже, а СДСМ појма нема?!

Објавено во: Агробизнис 30 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

СДСМ обвини дека владата ги лаже земјоделците, а состојбата со откупот на пченица е алармантна: ВМРО ДПМНЕ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реагираа, дека обвинувањата се неточни. Според ВМРО ДПМНЕ, владата за откупот на пченицата со целиот свој капацитет се обиде да ги заштити интересите на производителите на пченица и мелничарите. Оттаму ја обвиија опозицијата дека кога СДСМ биле на владт не се одвојувал ниту денар од Буџетот за земјоделски субвенции и за земјоделците. „ Денес Владата заедно со нив ги договара мерките за успешен откуп на пченицата од овогодишната реколта. Дополнително, се вршеа редовни инспекциски контроли за исполнетост на условите согласно Законот за земјоделство од страна на откупувачите на пченица. Согласно податоците од терен, откупени беа 118.000 тони пченица, за разлика од минатата година кога беа откупени 74.800 тони пченица. Просечна цена на пченицата беше од 12,6 денари за килограм“, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ од каде што додаваат и дека државата досега во целост ги има исплатено субвенциите за полјоделските култури за ланската година во вредност од над 10 милиони евра. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пак истакнаа дека опозицијата нема точни информации за тоа што се случува со пченицата и е неупатена во проблематиката. „Навистина е жално што и овој пат се потврдува дека „загрижените и стручни“ во СДСМ не соработуваат со производителите на пченица и овластените, односно регистрирани откупувачи на пченица за да ги добијат изворните информации за количината пченица од овогодишната реколта и вкупно откупената количина до сега. Колку е политиката на Владата е погрешна, уште помалку популистичка, ниту превземените мерки се кампањски и без резултат можат да дадат одговор самите земјоделци“, стои во реакцијата. Укинувањето на мерката за условен увоз на пченица е донесено на барање на мелничарскиот сектор, велат од Министерството, поради послабиот квалитет на домашната пченица и нејзино подобрување со увозна поквалитетна пченица. „Со оваа системска мерка директно се штити домашниот мелнички сектор и земјоделските производители на пченица, за што истите се запознати и непосредни учесници во нивното изготвување“, додаваат во реакцијата. На ова пак од СДСМ побараа надлежните од министерство за земјоделство и од ВМРО – ДПМНЕ да престанат да се извлекуваа и побараа објаснување зошто како што велат ги загрозиле  прво производителите на пченица, а потоа и мелничарите рушејќи им ја цената и на првите и на вторите. „Министерството за земјоделство тврди дека оваа година се откупени 118 000 тони повеќе. Ако во Македонија, според податоците од истото министерство се посеани 78 000 хектари, а просечниот принос е 3 тона, тогаш вкупното производство на пченица изнесува 234 000 тони. Со податокот за откупена пченица министерството самото се негира. Тие количини се токму оние 50% за кои СДСМ и зборува“, додаваат од најголемата опозициска партија. Претходно Татјана Прентовиќ од СДСМ, ја обвини владата за погрешната политика во земјоделството, популистичките и кампањски мерки и запрен откуп на пченицата.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?