03 Мај, 2024
0.0250

ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ РАЈ, ВО БУЏЕТОТ ПЕКОЛ: Пензиите растат, расте и дупката во ПИОМ!

Објавено во: Финансии 16 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Пензиите растат, а растат и стравувањата за пензискиот систем. Во декември ќе стартуваат новите пензии повисоки за 5 отсто.

„И во наредниот временски период и во следната владина програма предвидуваме определени мерки кои ќе имаат за цел да го подобрат животниот стандрад на пензионерите и да им се обезбедат низа поволности со што ќе овозможиме подолг животен век на оваа популација“- рече Миноски, 

Светска банка во својот извештај алармираше дека Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување е во опасност, неговата зависност од државниот Буџет постојано расте, што ја доведува во прашање одржливоста на државниот фонд на среден рок. Како причина за притисокот врз Фондот за ПИОМ, претставниците на Светска  банка ги посочија новите вработувања потпомогнати со владините мерки, кои предизвикале намалување на приходите во фондовска каса, поради што дефицитот се покрива со пари од централниот Буџет. 

И економистите веќе одамна алармираа дека состојбата на државниот пензиски фонд се влошува, но сметаат дека причината не треба да се бара во владиниот проект „Македонија вработува“.  

„Познато е дека пензискиот фонд е во ситуација која постојано се влошува. Не би рекол дека тоа е поради проектот „Македонија вработува“, од проста причина што тие луѓе кои се вработиле со тој проект, претходно не плаќале придонеси, па не плаќаат ниту сега. Значи, дефицитот не може да се проширува по тој основ, туку тој притисок врз фондот ќе се јави подоцна, кога тие луѓе ќе треба да се пензионираат и да побаруваат од фондот. 

Дефицитот се проширува под влијание на постојаното зголемување на пензиите над капацитетот на економијата (тие секоја година се зголемуваат повеќе од зголемувањето на економијата вкупно), како и под влијание на тоа што бројот на пензионери расте непропорционално со работниците за кои се уплаќаат придонеси. Тој извор на ризик треба да се елиминира најскоро можно. Сепак, треба да потсетиме дека дел од сегашниот пензиски дефицит беше креиран во моментот кога преминавме од едностолбен на тростолбен систем и тоа беше политичка одлука дека ќе се преземе тој дефицит. Тој ќе се елиминира само со тек на време, кога во економијата нема да има пензионери кои се финансираат само од државниот столб“, велат дел од експертите.

Пензиите постојано се зголемуваа минатите години со што дупката во фондот за ПИОМ годинава достугна рекордни 400 милиони евра.



Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата