23 Септември, 2017
0.5199
    ALK 7297.6    -0.03%     GRNT 870    -0.99%     KMB 2883.3    -1.59%     KPSS 485    -2.81%     KVAS 10670    -3%     MPT 30201    -2.58%     MTUR 4700    2.17%     OKTA 3300    10%     PKB 14500    0.07%     RZUS 120    -1.64%     SBT 2219.26    -0.89%     STB 938.54    -1.78%     STIL 134    3.08%     TEL 279    -0.49%     TNB 13300    0.4%     TPLF 1601    -0.32%     TTK 776    -3%

За пет дена јавно отворање на понудите за давање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

Објавено во: Агробизнис 06 Септември, 2017

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство соопштува дека огласот за прибирање на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари заврши на 05.09.2017 (вторник). Јавното отворање на пристигантите понуди ќе биде на 11.09.2017 (понеделник).

Во интерес на транспарентноста, да не се наруши доверливоста на понудите, но и во очекување на понудите кои треба да пристигнат по пошта, засега не може да се изнесат официјални податоци за бројот на пристигнати понуди.

Предмет на овој оглас се земјоделски површини кои се наоѓаат во катастарските општини на територијата на Неготино, Берово, Пробиштип, Кисела Вода, Кичево и Прилеп, во вкупна површина од 866 ха 75ар 56м2 Намената на земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е за:

-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,

-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,

-подигање на маслинарници за период до 50 години,

-одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години,

-ливади за период до 15 години,

-за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,

-рибници до 20 години и

-спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Отворањето на понудите и давањето под закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост согласно овој оглас, ќе биде отчетно и транспарентно.Јавното отварање на понудите ќе се одржи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ достави 13.580 барања до Бирото за судски вештачења за проценка на штетите од годинешните пролетни мразеви

МЗШВ достави 13.580 барања до Бирото за судски вештачења за проценка на штетите од годинешните пролетни мразеви

Министерот Николовски најави системски мерки за развој на пчеларството

Министерот Николовски најави системски мерки за развој на пчеларството

МЗШВ формираше Комисии за вршење на увид на настанатите штетите од невремето на 11-ти септември

МЗШВ формираше Комисии за вршење на увид на настанатите штетите од невремето на 11-ти септември

Климатските промени погубни за земјоделскиот труд - МЗШВ со конкретни мерки

Климатските промени погубни за земјоделскиот труд - МЗШВ со конкретни мерки

МЗШВ: Два милиони денари за реновирање на метеролошките станици во Демир Капија, Штип и Крива Паланка

МЗШВ: Два милиони денари за реновирање на метеролошките станици во Демир Капија, Штип и Крива Паланка

Стимулирање на трансферот на знаења и иновации во земјоделството

Стимулирање на трансферот на знаења и иновации во земјоделството

Исплатени 125 милиони денари за субвенции

Исплатени 125 милиони денари за субвенции

МЗШВ почнува со ревизија: Како се доделувало државното земјоделско земјиште под закуп?

МЗШВ почнува со ревизија: Како се доделувало државното земјоделско земјиште под закуп?