За три години во Бугарија ќе се плаќа со евра - земјата очекува да стартува во 2023 година
Објавено во: Балкан 21 Декември, 2019
Бугарија е подготвена да го усвои еврото од 1 јануари 2023 година, но министерот за финансии Владислав Горанов, не сака да брза: Тој е загрижен за репутацијата на земјата. „Ако влеземе во механизмот ЕРМ 2 во април 2020 година, тогаш реално е да се усвои еврото на 1 јануари 2023 година“, објасни Горанов.
Според него, земјта нема да аплицира пред да бидеме сигурни дека ќе ја прифатат, затоа што репутациската штета во случај на одбивање ќе биде многу голема.
Тој коментираше дека „растот се мери како однос на минатото и сегашноста. „Економијата на земјата порасна, нашиот кредитен рејтинг, приходите се зголемија, мандатот на сегашната влада порасна и, генерално, Бугарија се движи во вистинската насока и тоа е задоволително“, вели Горанов.
Процесот на пристапување на Бугарија во ЕРМ 2 се движи според прелиминарните консултации со нашите европски партнери, коментира тој, додавајќи дека по испитувањето на шесте банки на ЕЦБ, било неопходно две бугарски банки да ги зајакнат своите капитални тампони. Во тек се временските рамки за спроведување на овие планови.