30 Април, 2024
0.0262

ФИРМИТЕ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ МОРА ДА ОДАТ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОТАЦИЈА НА БЕРЗАТА - власта скрои измени на Законот за хартии од вредност

Објавено во: Финансии 17 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

За уште две години ќе се пролонгира обврската на компаниите кои ги иполнуваат условите за тоа, задолжително да котираат на Берзата. Со оваа задолжителна котација всушност се вложува во продолжување на транспарентноста на компаниите, што се покажа како клучно за развојот на капитал.

Како што е познато, обврската за задолжителна котација на компаниите кои ги исполнуваат условите се воведе во 2013 година, и таа истекува во април 2022 година. Затоа власта носи измени во Законот за хартии од вредност, со кој задолжителната котација ќе се продолжи за период од уште две години. Во Собранието веќе стигнаа овие измени, а се предлага законското решение да се донесе по скратена постапка. Една од клучните цели на овој закон е да се продолжи рокот за задолжителна котација, заради поголема транспарентност на друштвата преку воведување на обврска за нивна задолжителна котација.

Инаку, на Македонската берза во моментов нешто над 70 компании се на задолжителна котација, додека на доброволна берзанска котација се 24 компании, а една компанија, поточно Комерцијална банка, е на супер котација.

Од Владата за предложените законски измени велат дека откако во 2013 година се воведе обврска акционерските друштва кои не котираа на берза, а кои ги исполнуваа условите, да се вклучат на задолжителна котација на Берзата, таа мерка дала позитивни ефекти врз транспарентноста на друштвата и развивањето на свеста за предностите од присуство на Берзата.

„Обврската за задолжителна котација истекува заклучно со април 2022 година. Имајќи предвид дека мерката за задолжителна котација е позитивна за пазарот на капитал, особено во делот на зголемување на свесноста на компаниите во однос на нивните обврски за транспарентност, со предлог законот се предлага продолжување на рокот за задолжителна котација за период од уште две години“, се вели во образложението. 

Инаку, под котација на хартии од вредност се подразбира постапката на внесување на одредена хартија од вредност на официјалниот пазар согласно одредени критериуми пропишани од Берзата и обврска за редовно објавување на ценовно чувствителни финансиски и нефинасиски информации и податоци во јавноста. Со котацијата на акциите на Берзата, управата на друштвото праќа јасна порака до потенцијалните инвеститори дека друштвото го управува транспарентно. На тој начин, друштвото се обврзува дека континуирано ќе ја известува јавноста, за сите релевантни активности и проценка на финансиската позиција, со што ги изложува перформансите на друштвото на јавна проценка.

За задолжителна котација компаниите треба да исполнуваат неколку услови, и тоа за вистинитост и објективност на финансиските извештаи – да дадат ревидирани финансиски извештаи за последните две години, да имаат номинален капитал од најмалку еден милион евра, рспространетоста на родот на акциите да им биде најмалку 1 отсто, и да имаат најмалку 50 акционери. 

Ќе има уште неколку промени со измените на Законот за хартии од вредност, а едната од нив е да се овозможи домашни и странски берзи и депозитари да бидат основачи односно акционери во Централниот депозитар, што сега не е случај.

„Македонската берза и Централниот депозитар за хартии од вредност се дел од институциите кои ја сочинуваат пазарна инфраструктура на пазарот на капитал. Влезот на странски инвеститори е особено значаен за поголем техничко-технолошки развој на пазарната инфраструктура. Согласно постојното законско решение, акционери во депозитарот можат да бидат единствено брокерски куќи, банки, осигурителни друштва или друштва за управување со фондови. Во насока на поголема либерализација на пазарот, со предлог законот се овозможува и домашни и странски берзи и депозитари да бидат основачи односно акционери во депозитар“, велат од Владата.

Ќе има уште една измена. 

„Со цел да се допрецизира управувањето со пoсебната сметка на која клиентите ги уплаќаат своите парични средства, со предлог законот се дава надлежност на Комисијата за хартии од вредност на оперативно ниво да го доуреди управувањето со оваа сметка“, објаснуваат од Владата. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција