За воздухопловната НАТО база во Албанија се инвестирани над 50 милиони евра
Објавено во: Балкан 05 Март, 2024
За новата база на НАТО близу гратчето Кучово во Албанија која беше отворена вчера и треба да биде клучна за распоредување на војници на НАТО за Балканот, се инвестирани 50 милиони евра.
Ова го потврди генералот на воздухопловните сили Фердинанд Димо кој објави дека за воздухопловната база во Кучово се инвестирани 50 милиони евра од НАТО, а уште 5 милиони од Албанија.
„Досега во воздухопловната база во Кучово се реализирани 50 милиони евра инвестиции од заедничките фондови на НАТО и повеќе од 5 милиони евра од албанската влада. Тактичката база на НАТО ги обезбедува сите параметри за сместување на сите авиони што ги поседува алијансата“, рече првиот човек на албанските воздухопловни сили.
Тој рече и дека тактичката база на НАТО ги обезбедува сите параметри за сместување на сите авиони што ги има алијансата.
„Тактичката база на НАТО во Кучово е албанска база, но од денеска е класифицирана како тактичка база на НАТО. Командантно-насочната управа на тактичката база на НАТО ќе биде командант на воздухопловните сили во мирнодопски услови бидејќи сите случувања во однос на логистичките капацитети ќе бидат под надзор и мониторинг на албанското воено воздухопловство“, рече Демо.