За заедничка Македонија ќе протестира до петок па ќе ги открие плановите за конечна победа
Објавено во: Македонија 18 Април, 2017
Од иницијативата „За заедничка Македонија“ најавија дека ќе продолжат со протестите се до петок кога ќе ги откријат плановите за целосна победа што ќе значи спречување на реализација на Албанската платформа.
- Ве повикуваме масовно денес да го повториме најгласното Не за Македонија изложена на тиранија и тирански коалиции. Да за Заедничка Македонија за сите нејзини граѓани. Да повикаме на разум кај политичарите и да ги потсетиме дека нема да може да се прават глуви за чесните барања на народот кој си ја сака татковината.
Црвено-жолтата линија нема да ја поминат. Пред нас имаме нова недела кога треба да го одбраниме Уставот и да не дозволиме избор на Претседател на Собрание кој под перница ја чува тиранската платформа. А во петок ќе соопштиме важни информации и планови за наредниот период, велат од иницијативата.