„За заедничка Македонија“: Нема да дозволиме странци да ни ја водат државата
Објавено во: Македонија 20 Април, 2017
Нема да дозволиме странци да ни ја водат државата, порачаа демонстрантите од иницијативата за „Заедничка Македонија“ на 52 протестен марш.
Тие маршираа од Владата кон Собранието каде побараа политичарите да се откажат од т.н. Тиранска платформа.
„И на дожд и на сонце и на снег, тука сме на нашата патека и не си одиме, зошто нашата борба нема вредност и е за нашата татковина“ - вели Богдан Илиевски од иницијативата.
Во петок тие ќе соопштат кој е нивниот план за излез од кризата.
„Тој да ни кажува што да правиме, тој со неговиот болен соросоиден ум. Тој заборави дека во Македонија има луѓе кои не се предавници и си ја сакаат државата“ - изјави Зоран Бејковски.
Протести синоќа имаше во Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка, Струмица, Куманово, Кочани и други градови во Македонија.