„За заедничка Македонија“ по стапките на ВМРО ДПМНЕ: Бараат избори за излез од кризата
Објавено во: Македонија 22 Април, 2017
Во текот на вчерашнот протест граѓанското здружение за „За заедничка Македонија“ излезе со свое видување за излез од кризата.
Тие исто како и партијата на Никола Груевски сметаат дека новите избори во моментов ќе ја извлечат земјата од кризата.
Тие велат дека со нивните срца и души, со разум и мудрост, со сила и храброст – ја победуваат „Тиранската платформа“.
Од денеска па натаму потенцираат дека на секој нивен протест ќе имаат единствено барање -нови избори.
„Бараме предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Избори на кои народот ќе ја отфрли во целост Тиранската платформа, направена во друга држава под патронат на премиер на друга држава“, соопштија организаторите пред толпата народ која протестира веќе повеќе од месец дена.
Тие побараа и свикување на итна собраниска седница со единствена точка на дневен ред – прогласување и распишување на предвремени парламентрани избори.
Велат имаат стратегија, но засега не ја откриваат.