Добивај вести на Viber
Со третиот сет на мерки е предвидена и нова линија бескаматни кредити во износ од 31 милион евра преку Развојна банка, која ќе има и грант компонента од 30 отсто финансирана од Европската унија, највува во интервју за МИА министерот за финансии Фатмир Бесими.
„Тоа се дел од оние 80 милиони евра прва транша за кои треба да се потпише спогодба до крајот на месецот, значи мерката се очекува во октомври. Грантот би се доделувал на компании основани или водени од жени, понатаму компании кои вработуваат млади лица или кои се извозно ориентирани или кои ќе воведат иновации, дигитализација и е-трговија во нивното работење. Државната гарантна шема исто така е предвидено да се спроведува преку Развојната банка. Целта е преку државните кредитни гаранции државата да понуди дополнителна можност и полесен пристап до финансиски средства за поддршка на приватниот ризик преку преземање на дел од кредитниот, а средствата ќе бидат пласирани преку комерцијалните банки“, вели Бесими.
Тој посочува дека мора да има добро дизајнирани политики и мерки, базирани на евиденција и да се измери нивниот резултат. Во тој поглед, фокусот е на дизјанирање на четвртиот сет на мерки меѓу кои ќе има и редизајнирање или подобрување на некои од постојните кои имаат потенцијал за поддршка на економското заздравување.