04 Мај, 2024
0.0233

Заборавете на девизните војни – на ред е дефлацијата

Објавено во: Анализа 25 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

При нулта основни каматни стапки, монетарните стимуланси го потхранија развојот на берзите, што сепак не е поддржан од забрзан економски раст. Инфлацијата во светот останува на загрижувачко ниско ниво, и покрај мерките на централните банки, покажа анализата на британската банка HSBC, пишува CNBC. "Ова е монетарната верзија на девизните војни. Наместо да се елиминираат дефлационите трендови, монетарните стимуланси едноставно дозволија на централните банки да размножат дефлација во останатите делови на светот ", коментираат од банката. Како резултат на мерките за стимулирање на крајот на годината инфлацијата е пониска од очекуваното и од посакуваното. Пример за тоа е пониската од очекуваното инфлација во втората половина на годината во еврозоната. Во ноември потрошувачките цени во монетарната унија се зголемуваат за 0,9%, додека целите на Европската централна банка (ЕЦБ е за 2% годишна стапка на инфлација во 2013 година. Една од причините за ова е дека при речиси нула основни каматни стапки, монетарните стимуланси предизвикуваат вистински бум на берзите, кој сепак не е поддржан од забрзан економски раст. Задржувањето на ниско ниво на инфлација претставува вистински ризик за глобалното економско заздравување, предупредуваат уште од HSBC. "Во традиционалниот економски циклус, активноста води до инфлација", потсетуваат од банката и дополнуваат дека во реконструкцијата на економската средина, кога обврските се високи, ниската инфлација го отежнува враќањето на кредитите. Така може да бидат засегнати побарувачката и економската активност. Затоа сведочи ситуацијата во Јапонија, која од средината на 90-тите години се бори со погубни последици на дефлацијата. Во оваа фаза од HSBC сепак дополнуваат дека не очекува сериозно продлабочување на дефлацијата, иако ризикот од инфлација во следните две години ќе продолжи да се намалува. K.K. 

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад