ЗАБРАНА: Овој град нема да можете да го посетите кога ќе сакате
Објавено во: Свет 03 Јули, 2019
Белгискиот град Бриж, нема да можете да го посетите кога ќе посакате затоа што градските власти го ограничуваат бројот на туристи.
На пристаништето веќе нема да можат да бидат врзани повеќе од два крузера истовремено, а досега можеше да има дури пет. Пристигнувањето на бродовите ќе биде во работни денови, а не за викенд, најавија градските власти.
Лани Бриж, кој е познат како градот од бајка, го посетиле повеќе од осум милиони гости.
Историскиот дел на градот е под заштита на УНЕСКО. Според пописот од 2015 година градот брои 117.886 жители.
фото Википедија