Забрана за палење на шумите стапува на сила во Бразил
Објавено во: Свет 29 Август, 2019
Во Бразил е воведена забрана за палење на шумите, и таа ќе трае два месеци
Указот на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за забрана за палење на шумите за добивање земјоделски површини, која треба да придонесе на сопирањето на ширењето на пожарите во Амазонија, стапи на сила и ќе трае два месеци.
Сепак, многумина се скептични околу неговиот ефект.
Излегувањето на терен на бразилската војска изминатиов викенд не дало резултат – повеќе од половина од 1.628 нови пожари во изминатите 24 часа избувнале во Амазонија и покрај испраќањето 18 авиони и 3.900 луѓе.