26 Април, 2024
0.0703

ЗАДОЛЖЕНОСТ НА РЕГИОНОТ: Каде на мапата е Македонија?

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Црна Гора, Албанија и Хрватска се земји во регионот кои се соочуваат со ризик од зголемување на јавниот долг, пишува Светската банка во новите Глобални економски прогнози.

Македонија е меѓу земјите што бележат најмал вкупен јавен долг (3,4 милијарди евра, oдноснo 38% од БДП) на Балканот. Јавниот долг по жител, кој се добива со делење на сумата на долгот со бројот на жителите на државата, за Македонија изнесува 2.599,7 евра. Помал долг по жител имаат само Босна и Херцеговина и Косово, додека долгот на секој Словенец изнесува 16.500 евра. Јавниот или државен долг го сочинуваат износите што државата ги позајмувала за да ги финансира своите дефицити.

Зад нас е само Косово со 852 милиони евра јавен долг, односно 14,47% од БДП.

Јавниот долг на Црна Гора  изнесува 2,3 милијарди долари, односно 58,84% од бруто домашниот производ.

Состојбата со вкупниот долг на ентитетите на Босна и Херцеговина се влошува. Самиот долг е зголемен во текот на изминатите десет години, па на ниво на ентитетите се менуваа дури и закони кои го одредуваа горниот праг на задолженост, за да се подигнуваат нови кредити. БиХ е должна шест милијарди евра, односно 41,5%  од БДП.

Министерството за финансии на Србија соопшти дека состoјбата со јавниот долг во декември лани изнесувала 25,1 милијарда евра, односно 72,9% од БДП.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9