26 Април, 2024
0.0279

ЗАДОЛЖУВАЊА: Се гази на тенок мраз – како ќе се менаџираат долговите?

Објавено во: Финансии 16 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Во буџетската каса по основ на задолжување од домашните кредитори, Владата инкасираше 43,9 милиони евра. Преку продажба на државни хартии од вредност со рок на доспевање од 12 месеци, 3,5 и 15 години, обезбеди свежи пари со кои денска треба да врати 32,5 милиони евра по основ на доспeани долгови, со што во Буџетот на располагање ќе останат скоро 12 милиони евра.

“Утре, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 2,001 милијарди денари (32,55 милиони евра).Разликата од 700,01 милиони денари (11,38 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија“ – соопштија од МИнистерството за финансии.

На новото задолжување реагираа од ВМРО-ДПМНЕ

“Владата на СДС и Тевдовски денес се задолжија за нови неверојатни 2.70 милијарди денари односно 43.9 милиони евра. Заедно со денешната аукција за овие три месеци министерот Тевдовски има издадено државни хартии во вкупна вредност од 145 милиони евра. Средствата се собираат дирекно од Македонските банки кои наместо да се користат за кредитирање на Македонското Стопанство се користат за покривање на буџетската дупка“, изјави Христијан Делев од опозициската партија.

Новата Влада веќе најави дека ќе се ориентира кон домашното задолжување, како извор за финансирање  на тековните обврски, но не ја исклучи и можноста за издавање на нова Еврообврзница.

Стабилноста на јавните финансии – приоритет...

Дел од економистите велат дека, и покрај тоа што Македонија сеуште е во групата на умерено задолжени економии, следува период во кој многу внимателно ќе мора и ќе треба да се менаџираат јавните финансии, особено Јавниот долг кој веќе се приближи до 50% од БДП.

“Долгот несомнено е многу висок, но не е изненадување за експертската јавност, имајќи го во предвид отсуството на транспарентност во јавните финансии на претходната Влада. За потсетување, обидот на МАНУ да го “активира“ бројачот на јавниот долг наиде на осуда, а донекаде и на “санкции“ од страна на власта. Во наредниот период очекувам длабинските анализи во Министерството за финансии да откријат и поголеми износи на обврски на буџетот, кои се резултат на “тактизирањето“ на компаниите кои вршеле услуги или обезбедувале производи да ги фактурираат побарувањата, а со цел да не креираат обврски по ДДВ, особено во услови кога не се сигурни околу наплатата на побарувањата“ – вели професорот Зоран Ивановски.

Според информациите од Министерството за финансии, заклучно со втроиот економски квартал од 2017 година, Јавниот долг изнесува 4 милијарди и 708 милиони евра, што претставува 46,1% од БДП. Од влупната сума на долг, 3 милијарди и 254 милиони евра се надворешен долг додека 1 милијарда и 453 милиони евра отпаѓаат на внатрешно задолжување.

“Новата, реформска Влада ќе има повеќе приоритети, но како највисок приоритет, на краток рок, сметам дека ќе биде одржување на социјалната стабилност во земјата, а тоа е тесно поврзано со јавните финансии. Според информациите со кои денес располагаме состојбата со јавните финансии во земјата е лоша. Проблемите со наплатата на даноците веќе е евидентна, а тоа се должи пред се на намалената економска активност. Јавниот долг се приближува (можеби е и повисок) кон Мастришкиот критериум од 60% од БДП што ја намалува можноста за нови задолжувања, а и ако истите би се случиле, се разбира дека ќе бидат поскапи. Оттука, на економски план, радикалните промени во јавните финансии, мислам дека ќе бидат приоритет на новата Влада“ – оценува универзитетскиот професор Предраг Трпески.

Стопанството и државата во должнички круг...

Неодамна Министерството за финансии објави дека  фондовите, јавните претпријатија, општините, министерствата,, должат вкупно 363 милиони евра  по различни основи, но во оваа сума влегуваат и тековни долгови на некои фирми кои не се досепани за наплата. Оваа “математика“ која не ги разграничи редовните од нередовните плаќачи предизвика брни реакции во јавноста. Имено, реагираа и дел од економистите но и дел од саммите компании. Така, една од нив беше и државната Елем од каде посочија дека тие како компанија немаат заостанати долгови, туку дека се работи за обврски кои доправ треба да се отплаќаат.  Според информациите од ресорното министерство, најголем дел од овие стотици милиони евра  се по основ на доспеани а неплатени обврски. 

“Ова е прв пат да биде целосно транспарентно кон јавноста за оваа тема. На пресконференцијата беа презентирани податоци кои што Министерството за финансии ги доби од буџетските корисници, фондови, ЈП и општини. Ова не се изворни податоци на Министерството за финансии и тие беа добиени во агрегирана форма, затоа е најдобро за сите детали да се обратите до секоја поединечна институција. Со цел сите овие информации да ги имаме во реално време, Министреството за финансии започна да се подготвува за надоградба на софтверот“ – соопштија тогаш  од Министерството за финасии.

Фазата на сублимирање и оценување на долговите, според  експертите ќе  заврши  и она што ќе биде важно во периодот што сследува е со кои пари ќе се подмируваат обврските. 

“Во моментов се договара со Светска банка проект за справување со овие обврски и развивање на механизми за нивно спречување во иднина“ – оценија  од ресорното министерство.

Од општините, најголем должник е Охрид со долг од 11,5 милоони евра, следува општина Тетово, со долг од 8 милиони евра, а општина Карпош со која раководи Стевчо Јакимовски по различни основи должи 7,7 милиони евра. По дејности, како најголем должник се институциите од културата со обврски од 40 милиони евра. 

А.Д.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат