Заев: Центарот за македонски јазик во Грција - плод на договорот од Преспа
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2022
Поранешниот премиер Зоран Заев денеска позитивно реагираше на веста за официјалната регистрација на Центарот за македонски јазик во грција.
Веста е пренесена како чин кој де факто претставува признавање на македонското говорно население во Грција, како што претходно објавија од центарот.
„Еве ги плодните од Преспа, радувајте им на сите што го зборуваат македонскиот јазик, на сите Македонци.
Им честитам на основачите на Центарот за македонски јазик во Грција и на сите граѓани на Северна Македонија и Грција кои со нетрпение го очекуваат овој убав чин, кој е особено важен како доказ за блиските односи меѓу двете земји.
Им благодарам и на поранешниот и на сегашниот премиер Ципрас и Мицотакис за нивните зборови и посветеност во градењето искрено пријателство и добрососедство“, напиша Заев на Фејсбук.
Центарот за македонски јазик во Грција месецов и официјално е регистриран како невладина организација (НВО) од страна на судските власти во Грција.
Честитки упати и поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.
„Вредноста на вистинските компромиси трае и расте со времето. Вистинските компромиси ги смируваат, не ги влошуваат односите бидејќи се грижат за суштинското на двете страни“, се огласи Димитров на социјалните мрежи.