Заев чека повик од Пенс
Објавено во: Свет 14 Септември, 2018
Премиерот Зоран Заев деновиве треба да отпатува во САД на средба со вториот човек на американската администрација Мајк Пенс во Вашингтон, дознава Канал 5.
Не е дефиниран форматот ниту датумот на посетата, но таа е во контекст на референдумот на 30 септември и прифаќање на спогодбата од Преспа.
Од владини извори се вели дека официјална потврда треба да стигне од Вашингтон.
Заев веќе еднаш се има сретнато со заменикот на претседателот Доналд Трамп, но лани во Подгорица.