26 Април, 2024
0.0303

Заев: Добиениот мандат е почеток на крајот на кризата во земјава

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Зоран Заев кандидатот за премиер на Македонија, во интервју за српски курир, прво после добивањето на мандат за состав на нова влада од претседателот Иванов, вели дека тоа е порака дека непријатностите во Македонија завршуваат.

„Доаѓа ново време, време на реформи и наш брз пат за рамноправно членство во ЕУ и НАТО“, вели Заев.

Запрашан дали тоа значи дека Македонија излегува од политичката криза во која се наоѓаше последните неколку години Заев вели:

„Чинот на давање мандат е почеток на завршување на политичката криза во Македонија, убеден сум. Се надевам дека предлогот за состав на влада парламентот ќе ја даде за десет дена, можеби дури и за помалку. До крајот на месецот ќе имаме нова реформска влада. Сакам соработка со идната опозиција, таа ни треба. Заедно треба да ги донесуваме законите, за кои е потребно двотретинско мнозинство. Драго ми што сите заедно сме на нашата агенда за полноправно членство во ЕУ и НАТО. Мојата порака до сите е соработка, ако сакаме да успееме, ни требаат пријателите од Европа и светот, но наши први пријатели се нашите соседи и во тој правец ни треба поддршка, тука е и Република Србија. Веќе реков дека Србите се наш братски народ и се надевам дека ние политичарите ќе работиме за подобра иднина и граѓаните на Србија и Македонија. Ние во иднина мораме да ја унапредиме нашата соработка.

-Кои ќе бидат вашите први потези да се намалат тензиите во Македонија? Рековте дека ќе соработувате со опозицијата.

„Веке одржавме неколку состаноци во Парламентот да донесуваме заеднички одлуки за наредните локални избори. Верувам дека ќе соработуваме преку институциите, во меѓусебно разбирање и интерес на сите граѓани, посочува Заев.

Во однос на соседската политика и соработка Заве вели дека е познат како политичар кој еднакво се однесува кон сите. 

„Тоа е типично за мојата мултиетничка Македонија, но реално и ЕУ го заснова својот напредок и своите планови на разбирање и различности. Она што го постигнавме во Македонија е дека имаме поддршка од сите етнилки заедници. Ги обединивме сите различности, дури се случи и мултирелигиско обединување. Тоа е иднината за Македонија, и за регионот. Ако ние соработуваме, и ЕУ нас ќе не почитува повеќе. Верувам дека цекиот регион има само една иднина, а тоа е да стане дел од ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“