02 Мај, 2024
0.0249

Заев: Еуростандард банка има квалитетен имот, очекувам да се обесштетат и штедачите над 30 илјади евра

Објавено во: Финансии 20 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Мандатарот за состав на новата Влада, Зоран Заев, верува дека од стечајната маса на Еуростандард банка ќе има пари да се обесштетат и штедачите над 30 илјади евра, со оглед што банката има квалитетен имот, особео главната зграда, како што рече, во центарот на Скопје.

Тој е дециден дека Фондот за осигурување на депозити има 17,5 милијарди денари на своите сметки, кои што се вложени во хартии од вредност во државата и во други институции, а обештетувањето за Еуростандард банка е 4,4 милијади денари, значи околу една четвртина од износот со кој располага Фондот. 

„Верувам дека покрај депозитите до 30 илјади евра кои што се гарантирани од самиот Фонд, и сите други депозити над 30 илјади евра ќе бидат обештетени од стечајната маса. Тоа е работа на стечајниот управник. Има квалитетен имот во делот на Еуростандард банка, главната зграда во центарот на Скопје, испостави насекаде низ државата. Очекувам од стечајната маса да биде обештетен и Фондот за осигурување на депозити кој ќе исплати 4,4 милијарди денари“, рече Заев.

Заево ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање, по синиќешната седница на Централниот одбор на СДСМ. 

А како што нагласи, надлежноста врз банките е комплетно на централната банка. Сепак, тој како поранешен премиер бил запознаен со состојбите во Еуростандард банка уште минатата година. 

„Јас како претседател на Владата уште во 2019 година бев информиран за состојбата во Еуростандард банка од извештаите кои редовно ги добивав, за намалување на адекватноста на капиталот, докапитализацијата и за сите движења кои што се случуваат“, рече Заев, но нагласи дека надлежноста е комплетно на Народната банка. 

„Ниту Владата, ниту премиерот, ниту било кој ресор имаат било каква надлежност во банкарскиот сектор. Секако, секоја политичка влада секогаш им укажува на сите да се најде решение, да се најде инвеститор“, објасни Заев.

И кога постоеше техничка влада во земјава, тој како лидер на владејаќката партија бил запознаен дека до последен момент се правеле напори да се најде стратешки инвеститор за Еуростандард, а за НБМ рече дека флексибилна. Сепак, на крајот, согласно законот, гувернерката и нејзиниот тим донеле одлука.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција