06 Мај, 2024
0.0281

ЗАЕВ ГИ НАЈАВИ ИДНИТЕ ЧЕКОРИ: Ако Иванов не ја преиначи одлуката, никој не може да спречи избор на претседател на Собрание

Објавено во: Македонија 03 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Во синоќешното интервју во емисијата Отворено на тв24 лидерот на СДСМ ги разби сите дилеми кои се поставуваа во јавноста.

Меѓудругото Заев ги откри и идните чекори доколку претседателот Иванов не ја преиначи одлуката и не му го даде мандатот.

„Јас верувам дека ако г-динот Иванов, а веќе и ден после неговата одлука стои на истиот став, односно не го дава мандатот ќе создадеме такви причини преку чекорите кои што ги преземаме за на крајот да ја промени одлуката. Верувам дека тоа така треба да се движи и тоа така го најавуваме и ќе направиме се тоа да се случи, ден побрзо.

Целата оваа ситуација не загрижува сите . Истовремено завршија изборите ние продолживме да ги повторуваме нашите ветувања.

Единствено избори во овој момент и одговараат на СДСМ. Не и одговараат на Македонија, на ВМРО, на ДУИ а ниту пак на малите партии.

Заев ги демантираше наводите дека со ДУИ планирале одложување на локалните избори.

Тој е уверен дека СДСМ и тоа како ќе ги добие локалните избори, но во моментов смета дека не се решение и нови парламентарни избори зошто само ќе се повторува истото а земјата ќе губи.

ИДНИ ЧЕКОРИ НА ЗАЕВ

Првиот човек на СДСМ вели дека постои решение, алудирајќи на влегување во Собрание и избор на претседател на Собранието .

„Ве уверувам дека постои решение за оваа работа . Едно од решенијата е премногу очигледно. Парламентот може да избере претседател на Собранието и тука нема никаква допирна точка со Ѓорге Иванов или со бико кој. 67 -те мандати барем гарантираат дека може да се избере со мнозинство гласови претседател на Собранието и тоа е еден од извесните чекори кои ќе доаѓаат . Тоа е во моите планови, во плановите на Ахмети и плановите на другите политички партии и беше дел од пакетот за кој што се разговара . 

Веројатно Ѓорге Иванов сега не турка да барем тоа прашање го решиме и го направиме следниот чекор. И една од очигледните работи кои што следуваат е токму тоа. Не би сакал да одам до крај заради тоа што секогаш претранспарентноста на СДСМ можела понекогаш да се злоупотреби за лоши работи. Тоа не е причина за да не бидеме транспарентни , само ве уверувам дека постојат решенија и лепеза на опции кои што можеме да ги преземеме како идни чекори за да не дозволиме некој  поединец да држи во заложништво цела држава преку тоа па да расте потенцијал за недај боже лоши случувања помеѓу граѓаните. Така да постојат опции . Јас ја посакувам и треба да се случи опцијата која што требаше досега да биде случена , Иванов да го даде мандатот“, рече Заев.

Во однос на крајниот рок до кој СДСМ ќе преземе идни чекори, Заев рече дека веќе се работи на Б, Ц, Д варијанти, зошто како што рече Заев, може да се верува во варијанта А, и таа ја поскауваат и  тоа е редот, и  таа е најдобрата варијанта за Македонија, но таа не се случува.

Заев рече дека тоа ќе се случи во најбрз можен рок.

„Избор на претседател на Собрание во најбрз можен рок е денот штом најбрзо можно договорат со застапниците на сите 67 мандати име за претседател на Собранието, за да побараат од претседавачот на Собранието да ја продолжи прекинатата седница, да се формира комисија за изборни именувања и да се избере претседател на Собрание“. 

Заев потенцираше дека не знае кој би можел да го спречи тоа и со кои причини.

Во однос на мандатот на СЈО Заев вели:

„Ако мандатот на СЈО не успееме да го продолжиме треба да знаат сите материјалите како докази се искористуваат, и дека ако нема СЈО тогаш ќе има ЈО. Секој ќе одговара ако доказите покажат криминални дела без разлика од која партија се, дали од СДСМ, ДУИ, ВМРО ДПМНЕ.“

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува