Заев и кандидатите за градоначалници од Скопје на отворен форум со граѓаните на Скопје
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2017
Интерактивна дебата за денес најавија од владеачката партија.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев, заедно со Петре Шилегов и носителката на листата за советници, Билјана Секуловска -Габер ќе биде дел од форумот со граѓаните на Скопје.
Настанот ќе се одржи на плaтото пред Универзална сала во Скопје а на форумот ќе присуствуваат и кандидатите за градоначалници на СДСМ и коалицијата од општините во градот Скопје.