26 Април, 2024
0.4693

ЗАЕВ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ КОЛУМБИЈА: Светот препознава во Република Македонија земја на развојот

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија денес повторно е демократија, исправена на патот на ЕУ и НАТО, каде што припаѓа,  истакнал премиерот Зоран Заев во обраќањето на Универзитетот Колумбија на тема „Свеж старт на Балканот: Демократско обновување и еколошко обновување на линија на Одржливи Развојни Цели“. 

„Можни се одржливи решенија за прашањата и областите важни за граѓаните. Ние научивме многу од политичката криза, од којашто излеговме помудри, дека само заедно, со вклучување на сите во општеството, секој да биде дел од решението и со трпение, може да се постигне посакуваната цел“ - рече Заев. 

Заев  посочил дека новата Влада ја отворила Македонија во земја на можности за сите за да се постигнат стратешките цели, економски развој и евро-атлантски перспективи.

„Македонија е насочена кон одржливи решенија и евро-атлантска иднина, а светот препознава во Република Македонија земја на развојот“- вели  Заев.

Премиерот додава дека новата Влада ги отворила вратите за интензивна соработка со соседите и со земјите пријатели на Македонија од ЕУ и НАТО и неговите очекувања се дека тие зацртани цели се остварливи.

Заев беше придружуван од министерот на надворешни работи, Никола Димитров и министерот за дијаспора, Едмонд Адеми. 

Со присуството на универзитетот Колумбија премиерот Зоран Заев и владината делегација ја заокружија официјалната посета за 72. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, каде што премиерот Заев имаше обраќање, учествуваше на повеќе тематски панели, оствари бројни средби со светски лидери. 

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица