Заев најави дека Владата ќе финансира летување за 35.000 работници
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2017
Премиерот Зоран Заев денеска во Штип најави дека Владата ќе финансира бесплатно летување за 35.000 работници, со што бенефит ќе имаат домашните туристички капацитети.
Заев од стопанствениците во текстилот побара да им дозволат на работниците користење на работниците годишен одмор, кој што им следува согласно законот.
„Една недела одмор во текот на летото е малку“ - рече Заев.
Зголемување на минималната плата на 12.000 денари ќе биде
воведена на државно ниво од 1 септември, објасни премиерот. Владата во првата година ќе го
субвенционира стопанството, со што во овој сектор секој месец ќе се вложуваат по 1,5
милиони евра.
Заев најави дека домашните и странски компании ќе имаат еднаков третман. Новите пакет мерки кои ќе бидат објавени во август или најдоцна во септември за ослободување од персонален данок и данок на добивка за гринфилд инвестиции ќе значат отварање на нови работни места.
Целта на мерките е да се подобри стандардот на работниците.
Заев денеска посети две конфекции во Штип.