17 Мај, 2024
0.0290

Заев: Нови мерки на почетокот на февруари, легализацијата на марихуана е и за борба против тешки дроги

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Мерките од петиот пакет за помош на домашната економија и на граѓаните во кризата поради пандемијата ќе бидат донесени најверојатно на почетокот на месец февруари, најави денеска премиерот Зоран Заев. На прашањето за сите проекти и мерки кои ги најавуваше претходно, на денешната прес конференција рече дека дебатата започнува викендот по Божиќ (иако најверојатно по грешка рече Велигден).

После божиќни празници почнуваат дебати со сите синдикати, со коморите, универзитетски професори, граѓански организации за да се димензионираат новите мерки. Оставен е Велигден и завршувањето на викендот по 10 јануари за да се види здравствениот аспект. Во текот на цел јануари ќе се гледаат сите аспекти и почетокот на февруари да се носат мерките, рече Заев.

Тој додаде дека кризите се и можност за раст и зборуваше поединечно за најавите за нови инвестиции особено во енергетиката. На прашањето во кое беше споменат и бизнисот со марихуана, Заев рече дека тоа не е бизнис.

Бизнисот со марихуана не е бизнис тука е пуштање на дебата во следните шест месеци да се искористат економските ресурси и потенцијали, односно за граѓаните да одгледуваат по неколку стебла, за економијата отворање социјални клубови. Секако ова е и во смисла на борба со тешки дроги хероин, кокаин и затоа се надеваме на позитивна реакција од нашиот народ, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА