19 Мај, 2024
0.0274

Заев очекува 1 милијарда трговска размена со Турција, што ќе добие од Ердоган?

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Македонскиот премиер Зоран Заев ја предводи владината делегација која е во посета на Турција и пред денешната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека очекува трговската размена со оваа блиска и пријателска земја да изнесува барем една милијарда евра. 

Постојат можности за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција. Нашата цел е за неколку години трговијата со Турција да биде една милијарда евра. Ова вечерва го истакнал премиерот Зоран Заев пред турските бизнисмени, на вечерата во Анкара, организирана од ТОББ (TOBB) – Сојузот на стопански комори и берзи на Република Турција.

Македонскиот премиер Зоран Заев кој престојува во посета на Турција денеска ќе разговара со турскиот премиер Бинали Јилдирим, по што ќе следува и средба на делегациите од Македонија и Турција. Јилдирим и Заев ќе одржат и заедничка прес-конференција. Во текот на денот, премиерот Заев предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието на Турција Исмаил Кахраман и со претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган.

Заев исто така очекува да продолжи трендот на турски инвестиции во Македонија и вчера повторно упатил повик до турските бизнисмени.

-Тука сме да пренесам отворена покана за инвестирање во Македонија. Свесен сум дека мојата земја ќе има напредок ако се развиваат приватниот сектор и инвестициите. Сакам да ви пренесам дека постои амбиент за инвестирање во Република Македонија. Со околу 35 инвеститори сме во преддоговор, со 10 имаме потпишано договори, а има 100-ци заинтересирани, потенцирал Заев.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“