26 Април, 2024
0.8400

Заев од Неготино вети уште по 2 денари субвенција за грозјето

Објавено во: Агробизнис 30 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

-Промените продолжуваат и на локално ниво и ништо не може да ги спречи, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на  вечерашниот митинг во Неготино.

-68 милиони евра исплативме за субвенции. Ќе има уште повеќе.

Ја соопштувам одлуката тука, ќе има уште 2 денари субвенција по килограм предадено грозје на винариите, затоа што годината беше лоша. Јас сум првиот премиер кој доаѓа од село, ја знае земјоделската мака и ја имате целата поддршката, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Заев, додаде дека е недозволиво во 21 век луѓето да немаат вода и да носат со буриња, да има во Неготино повеќе вино од вода. 

-Имаме намера да покажеме како се живее во 21 век. Избравме живот во Македонија, мора да продолжиме заедно, јас можам само со вас. Ние сме едноставни, обични луѓе кои си ја сакаат Македонија. Одговорно, отчетно ќе ги водиме и општините, на секој граѓанин ќе му служиме. Барам поддршка за број 19, за живот во Неготино и живот во Македонија за сите, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Неготино. 

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади