26 Април, 2024
0.0305

Заев: СДСМ ќе ја води Македонија во духот на европските вредности

Објавено во: Македонија 25 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на одбележувањето на 60-годишниот јубилеј од потпишувањето на Римскиот договор, со којшто се поставени основите на Европската Унија, во свое име и во име на СДСМ, денеска упати честитка до амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар и до делегацијата на Европската комисија во Македонија.

„Востановените европски вредности се патот за демократски развој и унапредување и усовршување на демократските процеси како за земјите членки, така и на земјите аспиранти за членство во Унијата, независно од предизвиците пред коишто е денес таа исправена.

60-годишниот јубилеј на ЕУ е доказ дека е ова успешен проект за успешна иднина на државите членики на Унијата, како и на регионот што очекува интеграција. 

Убеден сум дека единството, солидарноста и заедничката иднина на ЕУ, како и отвореноста на Унијата кон нови земји членки ќе продолжи да генерира стабилност и безбедност, економски просперитет и квалитетен живот на граѓаните од државите кои гравитираат на европското тло.

Во оваа прилика ја нагласувам цврстата определеност на СДСМ, како политичка партија, но и како субјект којшто очекувам дека ќе ја предводи новата реформска Влада во Македонија, за европска перспектива на Република Македонија во духот на европските вредности. Одлучни сме да воспоставиме независни државни институции, владеење на правото и правната држава, економски развој и социјална кохезија во земјата, преку развој на концетот на заедништво, наспроти концептот на поделби, како и интеграција, наместо политиките на изолација што изминатиов период ја загрозија европската иднина на Македонија.

Низ заедничка соработка со ЕУ како и досега, базирана на принципиелна и демократска основа, преку реформските процеси што ќе ги преземеме во периодот што престои, очекувам отворање на вратите на Европа за граѓаните на Република Македонија“, порача Заев во писмото. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот