26 Април, 2024
0.0287

Заев: Со враќање на ДДВ до плата плус во семејството

Објавено во: Економија, Македонија 22 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Една од најважните мерки којашто веднаш после 11 декември ќе биде донесена од страна на Собранието и имплементирана од страна на Владата, ќе биде враќање на 15%  од данокот на додадена вредност, изјави денеска пред валандовчани лидерот на СДСМ, Зоран Заев. 

Тој објасни пред граѓаните дека оваа мерка успешно функционира во многу земји и од неа има бенефит. 

„Секаде го плаќаме данокот на додадена вредност. Ако потрошите илјада денари, имате 180 денари ДДВ внатре. Ние предлагаме 15% од тоа ДДВ што го има на секоја сметка, за вода, за храна, за облека, за струја, за се што плаќаме, 15% да се врати назад кон граѓаните. Тоа ќе обезбеди годишно 30.000 денари, уште една плата повеќе во секое семејство. Со тие пари граѓаните може да си ги платат давачките, трошоците, извршителите, кредит да вратат, или дел од кредит да вратат, да купат нова соба на младите дома, да може да платат годишен одмор. 30.000 денари секое семејство ќе има дополнителен приход“ - вели Заев. 

Објасни дека реализацијата на оваа мерка ќе биде преку платежна картичка. 

„Кога плаќаме во дуќанот, кога плаќаме во земјоделската аптека, во бутикот, само ја даваме платежната картичка, и таа ќе го инкасира данокот којшто секој го враќа. Со тие пари граѓаните можат да купат се што сакаат, за потребите на домаќинството“ - рече Заев.

Граѓаните од Валандово се пожалија дека народот се иселува во странство, посебно младите. 

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката