05 Мај, 2024
0.0276

Заев со врвот на ДУИ го одбележа Денот на албанската азбука

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев имаше можност да се обрати на централната прослава за Денот на формирање на албанската азбука во Битола при што упати пораки за заедништво, меѓусебно почитување, негување на наследството на Македонија и градење заедничко граѓанско општество кое ќе биде еднакво за сите. Според него голема е честа да биде поканет на одблежување на 109 годишнината од Битолскиот конгрес кога група на албански интелектуалци ја стандардизираа албанската азбука.

Писмото и говорот се во основата на националниот идентитет, а нивните специфичности и особености се вткаени како карактеристични нишки на културната посебност. Но, во исто време, секој говор и писмо, во себе ја кријат и потребата да не бидат изолирани и самодоволни, туку да воспоставуваат комуникација за разбирање, толеранција и соживот со другите. Прогласување на денешниот ден за официјален празник на албанското писмо, е составен дел од јазичното и од културното богатство на Република Македонија. Одбележувањето на културните вредности, датуми и традиции на сите етнички заедници, вклучувајки ја и албанската, придонесува за просперитетна иднина и за благосостојба на сите граѓани“ рече Заев.

На вчерашната прослава во Битола беа присустни и високи функционери на албанските партии, меѓу кои и Али Ахмети. На официјалните владини фотографии од настанот не се забележуваат останатите коалициони партнери од владата, туку доминираат пред се членовите на ДУИ.

Албанските опозициски медиуми речиси и да не ја проследија оваа прослава организирана од страна на Владата, без оглед на важноста на самиот празник за Албанците во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува