Заев: Субвенции за земјоделци кои имаат резултати
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017
Премиерот Заев во Топ Тема откри дека ќе има промени во начинот на кој се делат субвенции за земјоделците кои повеќе не може да се користат како социјална мерка, туку да се наменат за успешните земјоделци кои ќе постигнат резултати.
- Не може да се делат субвенции само за некој да добие пари. Министерството за земјоделие мора да направи стручна анализа што треба да се произведува, а Владата да ги отвори пазарите и да создаде можности. Дадените субвенции мора да имаат крајна цел, што значи со постигнати резултати ќе има и средства од државата. Доколку одредени земјоделски култури не проаѓаат на пазарот со цената и квантитет мора да има промена и кај земјоделците, посочи Заев.