Загинаа 93 лица во Москва, уапсени четворица терористи и уште седуммина поврзани
Објавено во: Свет 23 Март, 2024
Шефот на ФСБ Александар Бортников го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека се уапсени четворица терористи кои го извршија нападот на градското собрание Крокус во Москва и уште седум лица, соопшти денеска прес-службата на Кремљ, пренесува Интерфакс.
Како што се наведува, работата на идентификација на соучесниците на терористите е во тек. Во терористичкиот напад на градското собрание Крокус, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава, загинаа 93 лица, а повеќе од 100 беа повредени.
Министерот за здравство Михаил Мурашко изјави дека се хоспитализирани 115 лица, од кои пет деца, пренесува РИА Новости.