26 Април, 2024
0.0264

Загребската берза претставува нова платформа за тргување

Објавено во: Балкан 16 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Со воведување на Progress платформата, фирмите ќе можат да сметаат на помошта на советниците кои ги лиценцира Загребската берза. 

Оваа платформа беше претставена во средата, а како што кажа претседателката на Управата Ивана Гажиќ, целта е да се создаде и осигура за компаниите во сите фази на раст, да имаат капитал и на тој начин да се создадат услови за претприемачите, за економски раст и за вработувања. 

„Овие платформи се замислени како места за мали и средни претпријатија, за да им се олесни пристапот до капитал за раст и развој“ - вели таа. 

Додава дека во Хрватска постојано треба да се работи на поттик на малите и средни претпријатија. 

Иако се присутни во земјата во голем број, имаат голем број работници, и учествуваат во додадената вредност на ЕУ, сепак тие не можат да се вратат на нивото од пред кризата во 2008 година заради немање на капитал и пристап до кредити. 

Тие имаат потреба од финансирање, но немаат средства и имот, поради што институциите ги одбиваат или им даваат краткорочно кредитирање, кое е неповолно за разлика од она што го добиваат зрелите и големи компании. 

Платформата ќе им помогне на фирмите да дојдат до капитал, без да имаат обврска да го враќаат или да продаваат дел од компанијата, со ширење на базата на инвеститори, а со тоа компаниите ќе бидат и повидливи за инвестициската јавност. 

Во Хрватска има 13.440 мали и средни претријатија.  Од нив 1.300 имаат меѓу 2 и 20 милиони евра капитал и тие се целна група во случајот.

Меѓу нив има многу кои се семејни компании и треба да ги наследат идните генерации. 

Дури 40% сакаат да именуваат директори кои не се дел од семејството, 30% сакаат да ги продадат компаниите, а  барање на партнери е долг процес и само 1% си ја загарантирале иднината на тој начин. 

За само два месеци 11 друштва стекнале статус на советник што покажува дека сепак има интерес. 

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице