ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина
Објавено во: Свет 24 Април, 2024
Јамајка ја призна државата Палестина.
Владата на Јамајка објави дека донела одлука да ја признае државата Палестина поради загриженоста за конфликтот во Појасот Газа и хуманитарната криза во енклавата.
„Оваа одлука е во согласност со силната посветеност на Јамајка кон принципите на Повелбата на Обединетите нации, кои се обидуваат да поттикнат меѓусебно почитување и мирен соживот меѓу државите, како и признавање на правото на луѓето на самоопределување“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Јамајка.
Шефицата на дипломатијата на Јамајка, Камина Џонсон Смит изјави дека нејзината држава сака „мирно решение на израелско-палестинскиот конфликт преку дипломатски дијалог, а не воена акција“. Палестинската држава ја признале и 140 земји од ОН.