06 Мај, 2024
0.0227

Законски измени и втора шанса за винарниците кои останаа без лиценца

Објавено во: Агробизнис 13 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Владата одлучи да им даде втора шанса на македнските винарници кои поради тоа што не им го платија грозјето на лозарите, беа избришани од Регистарот и добија забрана за работа од две години. Станува збор за четири  винарници кои останаа без лиценцата, а кои како што денеска соопшти владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев ќе може да добијат дозвола за работа ако ги исполнат пропишаните предуслови. За повторно да бидат впишани во регистарот за вино, винарниците ќе треба во рок од 3 месеци да ја достават комплетната документација, а дозвола за работа ќе добијат само ако им го платат грозјето на лозарите. Винарницата ќе треба да платат по 10 проценти од сумата за која била избришана од регистарот под казна. „Винарската визба која била избришана од Регистарот на производители на вино, а во меѓувреме ги подмирила сите обврски кон лозарите и сака повторно да изврши упис во регистарот ќе треба да поднесе барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопснство во кое ќе наведе дека ги исплатено сите неисплатени финансиски обврски кон лицата од кои има купено винско грозје во претходната година, во кои се вклучени сумата на основниот долг и казнена камата согласно Законот за облигациони односи за периодот од 30 април во тековната година до моментот на целосната исплата на обврската. Според владиниот портпарол, забраната за работа ги дисциплинирала винарниците, па затоа Владата одлучила да им помогне и да ги донесе законските измени на последната седница. „Измените на овој закон доаѓаат откако ги увидовме резултатите од бришењето од Регистарот на вино и сметаме дека дополнително ќе се регулира исплатата на лозарите“, додаде Ѓорѓиев. Четирите винарници ја изгубија лиценца за работа минатиот месец, откако ги пробија сите рокови за исплата на откупеното грозје од лозарите.