29 Април, 2024
0.0258

ЗАМИНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ШВАЈЦАРСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - франкот „се лизна“

Објавено во: Финансии 02 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Швајцарската централна банка денеска предизвика изненадување со објавата дека нејзиниот претседател Томас Жордан, кој во текот на 12-те години на чело на институцијата управуваше со бројни кризи, ќе си замине во септември, а неочекуваната одлука предизвика пад на вредноста на швајцарскиот франк.

Жордан (61), поранешен универзитетски професор, беше на чело на банката од 2012 година, за време на превирањата на пазарите на пари што ја принудија Швајцарската национална банка (СНБ) да се откаже од минималниот девизен курс во однос на еврото, кризата со „Ковид-19“ кога беа потребни големи интервенции за да се спречи колапсот на економијата и поновата криза на Креди Свис, која беше на работ на банкрот во март 2023 година.

Советот на банката и генералната управа во соопштението изјавија дека длабоко жалат поради заминувањето на Жордан и му се заблагодаруваат за неговиот „исклучителен ангажман“ без да дадат никакви индикации за наследникот

„На мојата одлука никако не влијаеше кризата на Credit Suisse“, изјави Жордан на прес-конференција во Цирих.

Директорот на швајцарската управа за надзор на пазарор Финма поднесе оставка пет месеци по одлуката за спојување на Credit Suisse со конкурентската швајцарска банка UBS, наведувајќи здравствени причини.

Жордан рече дека неговото здравје нема влијание врз неговата одлука, туку дека е добар момент да се повлече.

„Повторно имаме ценовна и финансиска стабилност и тоа влијаеше на мојата одлука“, рече тој.

Од јуни 2023 година, инфлацијата во Швајцарија повторно падна под два отсто, што е целта на Швајцарската централна банка, а во јануари падна на 1,3 отсто.

Најавата за заминување на директорот ја намали вредноста на швајцарскиот франк за 0,21 отсто, тргувајќи се за 0,9579 франци за евро во 17:00 часот по Гринич. 

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита