17 Мај, 2024
0.0572

ЗАМИНУВАЊЕ НА БУГАРСКИОТ БЕТМЕН: 7 работи кои не ги знаевте за Бојко Борисов

Објавено во: Балкан 14 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денес поднесе оставка, бидејќи неговата партија е тешко поразена во вториот круг на претседателски избори.

Според официјалните податоци, за шеф на државата е изберен поранешниот командант на военото воздухопловство Румен Радев, кој имаше поддршка од социјалистите.

„Ја прифаќаме волјата на народот и им честитаме на оние кои имаат поддршка од мнозинството избирачи“, изјави Борисов, чија партија победи на сите избори одржани во изминатата деценија.


Синоќешните излезни анкети покажаа дека поранешниот генерал Радев освои мнозинство гласови во вториот круг на претседателските избори во Бугарија, нешто повеќе од 58 отсто, додека Цецка Цачева, кандидатката на владеачката партија на премиерот, добила 35 отсто.

Бојко Борисов е еден од најинтересните политички фигури во овој дел на Европа. Некогашен телохранител и носител на црн појас во карате од 2005 година ја извршуваше должноста градоначалник на Софија за да на 27 јули 2009 година неговата партија ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија) победи на изборите, а тој стана 50 премиер во историјата на Бугарија.

Оставка на таа функција поднесува во февруари 2013 година, а причините се масовни демонстрации на граѓаните поради поскапувањето на струјата. Меѓутоа, само 20 месеци подоцна, во октомври 2014 година повторно станува претседател на бугарската влада, глатко победувајќи го ривалот од Бугарската социјалистичка партија.

За време на својот мандат допринел на актуелизациската приказна за разместување на НАТО ракетниот штит и влијаел на Романија да заземе ист став. Поради тоа станал не така омилена личност во Кремљ.

Разведен е. Од бракот со поранешната сопруга, офталмологот Стела ја има ќерката Венета. Тие две живеат во Лос Анџелес, додека Борисов живее во вонбрачна заедница со банкарката Цветалина Бориславова.


Овие неколку работи веројатно не сте ги знаеле за Бојко Борисов.

1. Борисов влегол во историјата на бугарскиот спорт во 2013 година како најстар регистриран фудбалер во земјата. Заиграл на натпревар во дресот на второлигашот Витош Бистрица кога имал 54 години. И понатаму е регистриран фудбалер на тој клуб.

2. Сопственик на црн појас во карате каде стигнал за 7 дена. Учествувал на бројни натпревари, а ја тренирал и репрезентацијата и бил судија на турнири. Борисов исто така е претседател на Карате федерацијата на Бугарија. Дека му оди спортот од раце, докажуваат и изјавите на неговите колеги , кои истакнуваат дека Борисов е и многу добар тенисер.

3. Откако ги напуштил редовите на полицијата во 1990 Борисов ја основа компанијата за обезбедување, после што почнува да работи како телохранител на бугарскиот крал Симеон Втори (кој подоцна се одрече од титулата и стана премиер).

4. Има диплома на пожарникар, и неколку години работел во пожарникарна служба во Софија.

5. Го добил прекарот Бетмен, пред се поради репутацијата на човек кој „ги завршува работите и ги решава проблемите„. Бугарите велат дека ја има „аурата на непобедливост“.

6. На почетокот на својата полициска кариера ги чувал локалните ниви и посеви од крадци, за да со време напредува и стане шеф на полициската единица во полицијата во Софија. Исто така, работел и како предавач на Полициската академија.

7. Во текот на комунистичката ера работел на Инстиутот во министерството за внатрешни работи, каде стекнал и докторска диплома со психолошка и физичка обука на оперативец.

Да не заборавиме и дека при една прилика на Владимир Путин му подарил куче.

Што вели Борисов за екс македонскиот премиер?

Ако се сеќавате еднаш Борисов за лидерот на владеачката гарнитура рече дека не сака ни да го види Груевски.

„Како што знаете јас со премиерот Груевски не зборувам, не сакам ни добар ден да му кажам, избегнувам секаква средба со него да имам. Повеќе пати сакал, ама избегнувам. И мене не ми се допаѓа што прават таму, но тоа си е нивна македонска работа“, вели Борисов.

Уште повеќе, таму претседателот на социјалдемократите ми е пријател, тој доаѓа кај мене, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на работната средба на партијата ГЕРБ.

Можеби ќе ве интересира

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години